Description
Несаканите влакна одсекогаш претставувале голем естетски проблем. Бројот и големината на влакната зависи од повеке фактори: хормони, раса, генетика, старост, поднебје и бојата на кожата.
Емитувана пулсна светлост го апсорбира пигментот меланин при што светлосната енергија се трансформира во топлотна која предизвикува уништување на фоликулот кој е одговорен за нивниот раст.
Во нашиот салон се користи последна генерација на IPL SHR Vita Light ласер, при што процедурата е потполно безболна и безбедна.
Предноста на IPLSHR ласерот за разлика од традиционалниот IPL laser e:
Број на третмани
- За третмани на тело и лице потребни се околу 6 третмани а за нозе околу 4 третмани.
- Паузата за третмани на тело е до 2 месеци, а за лице 1 месец.
- Кај хормонални пореметувања може да биде зголемен бројот на третмани.
- На крајот од серијата третмани, се прават третмани за одржување за тело еднаш годишно, а за лице 1-2 пати годишно.
Освен за трајна епилација со специјалните филтери што ги поседува IPL SHR Vita Light ласерот го користиме за:
- Подмладување на кожата.
- Третман против брчки.
- Третман против акни.
- Отстранување на капилари.
- Третман против хиперпигментации.
- Ласерските наставки се со поголема површина, а колку е поголема површината, оптичката енергија подлабоко продира и ги уништува и најдлабоките корени на влакната.
- Благодарение на SHR технологијата, третманите се прават во текот на целата година и на темна кожа.
- Третманите се потполно безболни, бидејки оваа технологија има најнапредно ладење.
- Има најголема сила од сите уреди на пазарот.
- Може да се користат параметри, прилагодени за сите типови на кожа, за што подобри резултати.
- Има најцелосно решение за сите типови на влакна освен за седи.
- Нема опоравување по третманот, ниту црвенило.
- Има помал број на третмани, во однос на другите ласери.
- Најсигурен третман поради ефикасната метода на ладење, благодарејки на SHR технологијата.
- Третманот за отстранување на влакна истовремено ја подмладува кожата и го намалува настанувањето на пигментација.
- Региите се третираат во помали квадрати за рамномерно да се распореди енергијата.
Reviews
There are no reviews yet.