Description
Постојат многу предности поврзани со спортската масажа кај спортистите. Одлична е за луѓе кои се вклучени во потешки спортски или физички активности. Масажата може да се користи пред тренинг или после тренинг, или како метод за рехабилитација од повреди, како што се изместени зглобови и повреди во мускулите. Придобивките од спортската масажа се физиолошки и психолошки и може превентивно да спречи повреда или губење на мобилноста.
Флексибилност на ткивото
Масажата може да ја зголеми флексибилноста на мускулите на начин кој не се изведи преку класично статичко истегнување. Статичното истегање ја подобрува флексибилноста во една насока, но спортската масажа ги истегнува мускулите во сите правци, и исто така може да ги отстрани и да не ослободи од крутите сврзни ткива. Исто така и жилите, со масажата се ослободуваат од напнатоста што предизвикува неподвижност и болка.
Отстранување на лимфата
Масажата ги отвора порите во ткивата на телото, овозможувајќи течностите кој се богати со хранливи состојки да течат по слободно. Оваа зголемена пропустливост помага при отстранување на отпадните производи како млечна киселина. Масирањето помага за поголема циркулација на крвотокот, и уште поважно, отстранување на лимфата, која што нема природно транспортен систем. Масажата овозможува поголем транспорт на кислород и хранливи материи до мускулните ткива ,што придонесува побрзо закрепнување.
Ослободување од болка и релаксација
Тензијата и отпадните материјали во ткивата на телото предизвикуваат вкочанетост и болка. Масажата обезбедува топлина и притисок за да се истегне ткивото и да се подобри циркулацијата. Специјализираните нервни рецептори во ткивото чувствуваат допир, притисок и топлина. Стимулацијата на овие рецептори преку масажа води до ослободување на ендорфини, кои обезбедуваат еуфорична релаксација и го енергизираат и оживуваат телото.
Reviews
There are no reviews yet.