Description
Нездрав и неправилен начин на живот (недоволно земање на течности, неправилно дишење, премореност), преобилна исхрана или исхрана што неодговара, недоволна физичка активност, стресови, загаден воздух и храна – сето тоа допринесува за настанување на целулитот.
Aнтицелулитната масажа е комбинација од движења како штипење, триење и гмечење на кожата. Со нејзина помош се подобруваат крвната и лимфната циркулација и целулитот се намалува или исчезнува. Антицелулитната масажа има цел да ја израмни „портокаловата“ кожа на телото, која е проблем скоро на секоја жена.
Докажано е дека рачната антицелулитна масажа е доста ефективен третман со сигурни и долготрајни резултати. Жените кои практикуваат годишно по една или две серии од по минимум 10 трeтмани со оваа масажа имаат значително помал проблем или воопшто го немаат целулитот.
Reviews
There are no reviews yet.