Description
Пресотерапијата е лимфна дренажа плус масажа, која се спроведува со специјален апарат во вид на одело кое се става на проблематичните места или на цело тело. Компјутерски се вбризгува воздух под различен притисок. За рацете се користат високи ракавици, за нозете високи чизми, а за стомакот и колковите специјални широки каиши.
Пресотерапијата е медицинско-козметичка процедура, која ја стимулира циркулацијата на лимфата, ја подобрува венската циркулација, го зајакнува имунолошкиот систем и се спроведува општа детоксикација на организмот. Таа допринесува за подобра исхрана и регенерација на ткивата, отстранување на вишокот на течности и елиминација на метаболичките и други штетни материи од ткивата и клетките.
При процесот на пресотерапија се случува ревитализација и оксигенација на ткивата, кои помагаат во слабеењето и обликувањето на нозете, рацете, стомакот, а истовремено се зголемува и тонусот на кожата.
Добар проток на лимфата значи добро здравје и изглед и претставува решавање на причината, а не последица!
Пресотерапијата може да се спроведува секој втор ден, 4-6 недели, после прекин од месец дена, еднаш неделно. Поради зголеменото излачување на течности од организмот се препорачува конзумирање на 2л вода на ден и ограничување на внесување на сол и солени намирници.
Инфрацрвената топлотна терапија помага да се зголеми циркулацијата на крвта и го зголемува нивото на кислород и бели крвни зрнца во крвта. Таа исто така го стимулира производството на колаген и помага телото да се ослободи од токсините со потење. Придонесува за посилен имунолошки систем и подобро кардиоваскуларно здравје.
Пресотерапијата делува повлно на повеќе начини:
ЗДРАВЈЕ
- Ефикасна детоксикација на организмот.
- Подобрување на венската циркулација кај прошитени вени и капилари.
- Отстранување на симптомот на “уморни” и “тешки” нозе.
- Подобрување на вкупниот имунолошки систем.
- Подобрување на крвотокот, посебно кај луге чие работно место е поврзано со седење.
- Се зголемува дотокот на кислород во крвта, при што стимулативно делува на целиот организам, а посебно кај пушачите.
УБАВИНА ( ЕСТЕТИКА)
- Превенција од појава на целулит.
- Ефикасно го редуцира целулитот.
- Смалување на обемот на сомакот, колковите, бутовите.
- Затегнување на млитавата кожа.
- Подобрување на изгледот и состојбата на кожата.
- Слабеење.
Процедурата е безболна, но има и свои контраиндикации. Тоа се онколошки заболувања, бременост, зголемен крвен притисок (преку 160), тромбофлебит. Процедурата се изведува многу едноставно и трае еден час. Многу е пријатна и комфорна. Во зависност од проблемот (вишок на кг, целулит или млитава кожа) потребно е 5-10 процедури.
Се препорачува на сите особи од различна возраст, за решавање на различни проблеми. За оние кои не се занимаваат со физичка активност е добро не само да се затегнат мускулите туку и да се зајакне здравјето.
Reviews
There are no reviews yet.