Description
Кавитацијата е метода за локализирано отстранување на масните наслаги и целулитот со ултразвук, всушност тоа е алтернатива за хируршка липосукција, неагресивна и една од најчесто користените и најпопуларните методи за слабеење.
Кавитацијата со помош на ултразвучните бранови прави вибрација на течностите кои се наоѓаат во масната клетка. Тие толку многу вибрираат што ја распрснуваат мембраната на масната клетка, па така таа се уништува.
Ослободените масти се исфрлаат преку мокрачата. После третманот површината на кожата останува неоштетена и веднаш може да се продолжи со секојдневните активности. Познато е дека вишокот на масно ткиво предизвикува целулит, кој се манифестира со проширени капилари, млитава кожа и симптон “кора од портокал”.
Во нашиот салон го корисиме апаратот CaVitaVac RF, кој поседува патент за ултразвучен “hand piece”, каде ултразвучните бранови имаат специфична фреквенција која продира исклучиво во одредена длабочина. Таквиот систем ги штити мускулите и длабоките крвни садови од несакани оштетувања и исклучиво делува на масното ткиво.
Третманот потребно е да се спроведува еднаш во 7-10 дена во комбинација со лимфна дренажа во серија од 4-6 третмани. Потребно е третманот да се повторува на месец дена за да се одржи резултатот. Резултатите од кавитацијата се видливи веднаш по првиот трепман при што доаѓа до намалување на 2-5 см во обем.
Комбинирана кавитација со вакум+триполар RF +LED има повеќе предности. Вакумот прави набор на кожта која се втиснува во апликаторот при што се зголемува селективноста и ефикасноста на третманот. Се употребува при третман на тврд целулит.
Со ултразвучната кавитација успешно се третираат стомак, бутови, колкови, внатрешна страна на колената, надколеници и други места каде има локализирани масни наслаги.
Кавитацијата се користи за:
- Обликување и губење на локализирани масни наслаги.
- Смалување на наслагите на целулит.
- Реактивација на локалната циркулација.
- Подобрување на квалитетот на кожата и поткожното ткиво.
Контраиндикации за овој третман претставуват:
Болести на црниот дроб и бубрезите, пејсмејкер, дијабет, бременост, покачен холестерол, тумори.
Reviews
There are no reviews yet.