Description
Мезопорацијата е метода за обновување на кожата на лицето, вратот и деколтето, успорување на процесот на стареење и создавање на нови брчки. Со помош на мезотерапијата се овозможува апсорпција на различни коктели кои содржат витамини, аминокиселини, хијалурон во средниот слој на кожата. Мезотерапискиот третман е заснован на 4 модалитети од кои најзначајни се мезопорацијата и електропорацијата.
Под дејство на наизменична пулсна струја се ствара електромагнетно поле при што се формираат привремени водени канали кои овозможуваат влез на активните материи во долните слоеви на кожата. Ефектот е моментално видлив и затоа овој тертман се препорачува пред важни настани – венчавки, годишни матури и слично. После третманот нема никакви иратации на кожата.
Третманот се препорачува еднаш неделно, 4-6 пати во зависност од состојбата на кожата. Ефектите од мезотерапијата се:
- Подобрување на тонусот и еластичноста на кожата.
- Смалување на длабоките и отстранување на средните и ситни брчки.
- Хидратација и подобрување на локалниот имунитет.
- Отстранување на темните кругови околу очите.
Третманот не се препорачува кај бремени жени и доилки, лица со кожни заболувања, дијабетичари, лица со малигни и васкуларни болести.
Reviews
There are no reviews yet.