Description
Брзото темпо, стресот и надворешните влијанија, влијаат на нашата кожа губејќи го својот сјај и младиот изглед. Дермапен терапијата со микроиглички е вистинското решение кое ја обновува и стимулира обновата на колагенот, овозможувајќи му на лицето свеж изглед во секоја прилика.
Третманите со дермапенот ја стимулираат кожата на произвоство колаген и регенерација што овозможува намалување на стриите и белези. Дермапенот е производ кој е осмислен за подмладување и регенерирање на кожата по природен пат, овозможувајќи намалување на брчки, стрии, лузни, затегање и подмладување на кожата.
Пред самиот третман потребно е да ја отстраните шминката и јаките козметички креми од лицето. Третманот започнува со темелно чистење на кожата со соодветните производи за типот на кожа која ја има пациентот. Потоа следи ензиматски пилинг кој овозможува симнување на рожнатиот слој за да можат препаратите подобро и подлабоко да продрат во кожата. Потоа кожата се дезинфицира и со кружни и хоризонрални движења на дермапенот и неговите микроиглички, се стимулира создавањето на колаген. По завршувањето на третманот на кожата се нанесува соодветна медицинска козметика за дополнително потхранување и смирување на кожата. За најдобри резултати, третманот се препорачува на секои 2 до 4 недели највеќе 10 пати.
По завршување на третманот, лицето ќе биде зацрвенето а кожата на допир ќе биде потопла. Ова е нормална реакција на кожата. После 2-3 часа состојбата се нормализира. После третманот се препорачува избегнување на сонце и солариум.
Третманот со дермапен се препорачува за:
- Ублажување и намалување на брчките
- Ублажување на лузните(акни,изгореници,оперативни зафати)
- Подмладување
- Затегање на кожата
- Намалување на стриитe
Reviews
There are no reviews yet.