Description
Целта на хидроабразијата е отстарнување на мртвите клетки од површината на кожата, при што настанува раст на нови клетки и доаѓа до подобрување на изгледот и квалитетот на кожата. Водата со голема брзина влегува во секоја пора, па и оние најмалите и на тој начин механички ги исфрла сите нечистотии и митисери (црнки). Исто така доаѓа до отстранување на ситни лузни и површинска пигментација. Овој третман е замена за пилинг и абразија.
Кај хидроабразијата се користи вода измешана со кислород кои вршат механичко чистење и нема период на опоравување. Самиот третман е безболен, неагресивен и не остава никакви последици. Третманот може да се направи за време на пауза и веднаш потоа да се вратите на работа.
Може да се третираат сите типови на кожа дури и сува и осетлива без никакви последици. Промени се забележуваат веднаш после третманот, кожата е мазна, свежа а со тоа е отстранет и уморниот и безживотен изглед на кожата. Третманот може да се спроведува во тек на целата година, па и лето. Третманот трае околу 15 минути, а може да се користи на темни кожи без никаков страв од компликации. Ова е единствен третман со кој се постигнува право длабинско чистење на лицето.
За време на третманот се осеќа угоден млаз на вода кој го масира лицето и благ ветер поради кислородот. За време на третманот очите треба да се затворени и да дишете на уста. На крајот на третманот се става минерален серум, крем или маска према типот на кожата. Третманите се прават еднаш неделно, а потребно е серија од 6-8 третмани.
Која е целта на третманот?
- Отстранување на мртвите слоеви на кожата.
- Длабинско и темелно чистење на порите.
- Отстранување на отворени (црни) митисери.
- Подмладување на кожата со кислород.
- Намалување на ситните лузни и површинска пигментација.
За што се користи третманот?
- За подмладување и освежување на лицето, вратот и деколтето.
- Главен начин на чистење на кожата кај проширени пори и масна кожа.
- Лечење на акни.
- Почетна пигментација.
- Ситни лузни.
Reviews
There are no reviews yet.