Опис
Ултразвучниот пилинг е потполно безболна процедура која се спроведува со ултразвучна шпатула преку која со ултразвук се делува на кожата на лицето.
На тој начин, кожата се ослободува од површинските и длабоките нечистотии, изумрените клетки од површината на кожата, порите се отвараат па после тоа кожата е потполно исчистена, свежа и спремна за апсорпција на препарати за нега кои се ставаат на неа. Тој треман е прилагоден за сите типови на кожа, а особено е погоден за осетлива кожа.
Резултатите се видливи веднаш после првиот третман – кожата е чиста свежа со светол тен и мека. Овој третман е многу пријатен, безболен и потполно безбеден. Со комбинација од ултразвучен пилинг и сонофореза, се постигнуваат брзо видливи и долготрајни резултати. Третманите се спроведуваат 2-3 пати месечно.
Со ултразвучниот третман може да се постигне внесување на различни активни материи во длабоките слоеви на кожата каде нивното делување е појако и поизразено (сонофореза). Поради тоа, оваа процедура е многу ефикасна за решавање на многу естетски недостатоци на кожата како што се: опуштена кожа, акни, црвенило на кожа и флеки (хиперпигментација).
Критики
Нема критики сеуште.