Опис
Пилингот предизвикува отфрлање на површинскиот мртов слој на клетките со што ги отвара порите и каналчињата на лојните жлезди и спречува опасност од загнојување. Претходно настанатите флеки се избелуваат, проширените пори на Т зоната се ублажуваат, а лузните делумно се измазнуваат.
Овошните киселини освен на површинскиот, делуваат и на подлабокиот слој на кожата. Го стимулираат производството на колаген и еластин со што го спречуваат предвременото стареење, ги измазнуваат нежните брчки , ја привлекуваат водата од подлабокиот слој кон површината, со што го подобруваат тургорот и го враќаат сјајот и оптегнатоста на лицето.
При цел за подмалдување, третманот би требало да се изведува секоја зима. Со овошни киселини се избелуваат и флеки настанати од бременост, хормонална терапија, старечки дамки и најчестите, од изложување на сонце. Хемискиот пилинг се користи при:
- Појава на акни – проблематична кожа.
- За анти-стареење.
- За голем сјај.
- При пигментација.
- Појава на фотостареење.
Критики
Нема критики сеуште.