Description
Energy linе е убава пролетна – летна нега и се препорачува да се користи во пролет и лето. Образложение: Витаминoт Ц заштитува од сончевитe оштетувања, го зајакнува имунолошкиот систем на кожата и го затегнува ткивото со градење на колагенот во сврзното ткиво.
Витаминот Ц обезбедува моќна антиоксидансна заштита која ја штити кожата од штетните, слободни радикали – лошите молекули, кои предизвикуваат предвремено стареење. Најзастапени форми на ваквите радикали се факторите од животната средина: загаденост, сончевата радијација, која што во лето е зголемена.
Аскробинската киселина, позната и како L-аскробинска киселина е најистражувана форма од витаминот Ц, кога станува збор за здравјето на кожата.
Поради оваа причина, аскробинската киселина е најупотребувана форма на витамин Ц, во разните производи, за нега на кожата. Кога се користи правилно, таа помага да се создаде помлада, поцврста кожа, истовремено намалувајќи ги знаците на штета од сонцето.
Кога правилно ќе ја внесете употребата на Ц витамин во дневната грижа за кожата, квалитетните производи кои го содржат овој витамин, можат да ви обезбедат голем број на придобивки, со кои вашата кожа ќе изгледа помладо, подолго. Ц витаминот може:
- Да ја намали појавата на кафени пеги и друг вид на сончеви штети.
- Помага да се зголеми производството на здрав колaген.
- Го намалува воспалението и иритацијата, кои можат да предизвикаат разни оштетувања.
- Отстранување на црвенила, после одредена оштета, преку подобрување на природниот лековит одговор на кожата.
- Ја зголемува заштитата против штетните UV зраци на сонцето, како и ефикасноста на кремите и млеко за тело, кои се користат против нив.
Reviews
There are no reviews yet.